Кристијан
ReGo rehabilitation
клинички случај
ДЕТСКА ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА
Ви претставуваме клинички случај на 13-годишно момче (К.В.*) со диагноза Детска церебрална парализа – спастична форма на четирите екстремитети, поизразена во нозете.
Крис е едно мило и многу мотивирано момче. Кратко по раѓањето му е поставена диагнозата ДЦП. Денес Крис има 13 години и наспроти загубата на татко му во 2020, тој и мајка му не очајуваат. Се обраќаат кон тимот на “ReGo Rehabilitation” – првиот и единствен центар за роботизирана рехабилитација во Бугарија, којшто до август 2021 е сместен во МБДЛР „Сердика“. Изработената персонална рехабилитациска програма за насмеаниот Крис вклучува роботизирана терапија, но исто така и процедури со конвенционални методи за рехабилитација. Тримесечните заеднички напори го водат Крис до посакуваните резултати, а во видеото ќе разберете и повеќе детали за процесот на закрепнување.
Првичен преглед и функционална диагностика
К.В. е роден предвреме во 31 гестациска седмица и тежи околу 1500г. На 11-месечна возраст му е поставена диагноза „Детска церебрална парализа“ и веднаш започнува активна рехабилитација.
На 3- годишна возраст му е направена операција за омекнување на меките ткива – релаксација на аддукторите на бедрата, а во 2014 г. е подложен на уште една интервенција во Русија – фибротомија на двете нозе.
Иако од моментот на диагностицирање на ДЦП со К.В. се реализира активна секојдневна рехабилитација, рамнотежата и самостојното одење остануваат и понатаму сериозно засегнати. К.В. пристигнува во Центарот за роботизирана рехабилитација “Сердика” во октомври 2020 г. За него е изработен рехабилитациски курс, којшто вклучува кинезитерапија по индивидуално прилагодена програма и процедури со Lokomat Proво времетраење од 12 седмици.
Најпрво на пациентот му се прави оценка на неврологичниот статус. Кај К.В. се утврдува, дека горните екстремитети (рацете) имат целосен активен опсег на движење, спастицитет со оценка 1+ според MAS (Modified Ashworth Scale), добра фина моторика, но нарушена координација.
Функционалното испитување на долните екстремитети покажува, дека поради значително изразениот мускулен тонус, пасивните движења се отежнати. Поставена е оценка 3 за спастицитет на нозете според МAS (Modified Ashworth Scale). Активните движења се изведуваат делумно и со многу напор. Испитувањето со локомоторен тест покажува оценка 2 – одот му е несигурен и значително отежнат – може да се движи само со помош на 1 човек. Самостојно може да направи само неколку чекори по рамен терен со помош на две патерици со по 3 потпорни точки.
Терапевтски план
Изработен е рехабилитациски план со по четири терапии седмично со Lokomat Pro и конвенционална рехабилитација, како и рехабилитација со Tyromotion.
Цели на рехабилитацијата со Tyromotion:
Подобрување на прецизноста и координацијата на движењата на горен екстремитет
Стимулирање на користењето на горните екстремитети во активности од секојдневието
Тренинг на сите видови зафати
Подобрување на концентрацијата и помнењето
Цели на конвенционалната рехабилитација:
Намалување на спастично изразениот мускулен тонус;
Подобрување на контролата на моториката на горни и долни екстремитети;
Зголемување на опсегот на движење на зглобовите на колената и карлицата;
Подобрување на рамнотежата;
Подобрување на координацијата на горни и долни екстремитети.
Пациентот стекнува правилна рутина за одење
Се зголемува силата и издржливоста на нозете
Се подобрува координацијата на долни екстремитети
Постигнати резултати:
Испитувањата по критериуми по 49-та процедура покажуваат постојано и прогресивно зголемување/ тенденција
По информации на Lokomat Pro:
Максималната брзина на одење од 0.7 км/ч на 2.2 км/ч, што е пораст за 60%.
Севкупното поминато разстојание за време на процедурите се карактеризира со значителен пораст за 20% или 1150 метра, споредено со податоците на почетокот на процедурите, кога било под 700 метра.
Намалување на тежинската компензација (Body weight support) со Lokomat Pro -10% во споредба со последната процедура или разлика од почетните 30 кг на актуелно под 20 кг.
Се набљудува позитивна тенденција и намалување на силовата компензација (Guidance Force) со Lokomat Pro за просечно 20%.
Постигнати резултати:
Се набљудуваат и вторични позитивни ефекти од процедурите со Lokomat Pro:
Се надминува стравот од паѓање
Поенергичен, посконцентриран и ентузијаст за време на тренинг
Податоци од конвенционалната терапија
Намален спастицитет на долните екстремитети од 3 до 1+ според MAS, при што се набљудува намалување на мускулниот дисбаланс
Подобрена е моторната контрола на долните екстремитети
Се набљудува подобрување на рамнотежата и Крис успева за кратко да остане исправен без ничија помош
Се набљудува подобрување на координацијата со тоа што успева да стигне до одредена цел без отклонување, а станува повешт и во работата со рацете
Се зголемува брзината на реакција при реализација на целенасочени задачи
Се намалува стравот од паѓање и несигурноста кај одредени задачи
Се подобрува концентрацијата и издржливоста за време на терапија
Сите технологии
Располагаме со уреди за рехабилитација и закрепнување на секоја зона од човечкото тело.
ТехнологииРезервирајте термин за бесплатен преглед.
Контактирајте нѐ со помош на нашата форма за контакт или јавете нѝ се за да резервираме ден и час за бесплатен преглед и функционална оценка.
Контакти