Rego - Инсулт

Инсулт (Мозочен удар)

Инсултот вообичаено се случува без претходни предупредувачки индикации. Колку побрзо се ориентирате кон рехабилитирачки процес, толку се поголеми шансите да си ги вратите загубените моторни функции. 
Времето лета и само од ВАС зависи како ќе продолжи Вашиот живот! 

Што преставува инсултот?

 

Инсултот претставува прекин на снабдувањето со крв на одреден дел од мозокот. Тоа води до недостиг на кислород во мозочните клетки и тие започнуваат да умират. Последиците се различни: загуба на говор, на движење, дури и на помнење. Симптомите кај инсулт се различни и зависат од тоа кој дел од мозокот бил засегнат, како и од тоа каков вид е инсултот - хеморагичен или исхемичен. 

 

 

Како се лекува?

Човек никогаш не е подготвен за неочекуван случај од овој тип и почнува да бара информации за лечење откако инсултот веќе настанал. Претходна информираност во однос на овој здравствен проблем може да нè поштеди од дополнителни напори и излишен стрес. 
Во зависност од последиците за секој конкретен организам ние превземаме различна рехабилитациска стратегија. Се потпираме на комбинација од конвенционални методи, Bobath терапија и вежби со различни уреди за роботизирана рехабилитација. Во ерата на технологиите закрепнувањето по инсулт е попрецизно од кога и да било претходно - постигнатите резултати са трајни, а напредокот се регистрира по секоја процедура благодарение на специјалниот софтвер. 
Освен професионализмот на нашиот сертифициран тим, клучен момент е и мотивацијата на пациентот, истрајноста и трпението.  Лекувањето на своја рака може да причини повеќе штета и да доведе до неповратни несакани ефекти врз севкупната состојба на човекот.
 

Најчести нарушувања:

Груба моторика

Нозете и рацете ги чувствувате како туѓи, тешки и не можете да одите - не треба да се навикнувате на тоа чувство! Заедно можеме да постигнеме враќање кон нормалниот начин на живот.

Фина моторика

Неспособност за контрола на движењата на прстите на рацете и со тоа спреченост да се самоуслужиме се меѓу најтипичните појави по инсулт. Ние знаеме како да ја вратиме оваа функција!

Говорни и лицево-мускулни нарушувања

Се набљудува “скаменето” лице, несиметрична насмевка и парализа на лицето. Загубата на говор може да биде делумна или потполна, но тоа е повратен процес, доколку се реагира навреме. Нашиот логопед има специјализирано искуство со пациенти по инсулт.

Отежнато самоуслужување или неможност за самоуслужување

Активности како хранење, внес на течности, извршување на физиолошки потреби и слично се исклучително отежнати, посебно во периодот непосредно по инсултот. 

Кон кои промени се насочени нашите активности?

Движењата на екстремитетите и мускулната сила

Како последица од инсултот мускулите се ослабени и имаат потреба од соодветна стимулација за да си ја повратат силата. Со помош на вежби коишто симулираат активности од секојдневието движењата на екстремитетите можат да бидат значително подобрени. Интензивните процедури имат траен ефект врз потпорно-движечкиот апарат. 

Координација, баланс и одење

Овие компоненти секогаш одат рака под рака и наша основна задача е врз нив максимално да влијаеме. Нашите сертифицирани специјалисти применуваат меѓународно признати методики, чијашто цел е брзо и максимално закрепнување.

Говор и голтање

Ако има парализа на лицево-вилична мускулатура, постои начин да се обноват функциите. Тоа се постигнува со говорно- јазична терапија.

Когнитивни способности

Когнитивните способности се сврзани со начинот на којшто човек го разбира светот и функционира во него. Тие претставуваат умствени способности и/или процеси и се дел од речиси секоја човечка дејност во будна состојба. По пат на терапија со конвенционални и роботизирани методи влијаеме врз когнитивните способности.

Rego - all technologies

Сите технологии

Располагаме со уреди за рехабилитација и закрепнување на секоја зона од човечкото тело.

Технологии

Резервирајте термин за бесплатен преглед.

Контактирајте нѐ со помош на нашата форма за контакт или јавете нѝ се за да резервираме ден и час за бесплатен преглед и функционална оценка.

Контакти

Крис

Како насмевнатиот Кристијан закрепнува по диагноза Детска Церебрална Парализа (ДЦП)

Rego - diagnoses
Rego - video player start Видео за пациентот

Мултипла склероза

Мултипла склероза е здравствен предизвик, а ние знаеме како да влијаеме и да ја ставиме под контрола оваа состојба.

This site uses cookies