‘Рбетно-мозочната траума претставува минливо или постојано оштетување на структурата и функцијата на ‘рбетниот мозок како резултат на повреда на ‘рбетниот столб. Траумите на ‘рбетниот мозок водат до тежок и траен невролошки недостиг, којшто резултира со инвалидитет.

Основните цели на лекувањето кај пациенти со ‘рбетно- мозочна траума се фокусираат пред сѐ на превенција на тежок инвалидитет, одржување на функциите кај пациенти со трајни оштетувања, како и повторно воспоставување на функцијата на ‘рбетниот мозок и враќање на пациентите кон нормалното секојдневие.
Клиничките случаи се различни еден од друг, затоа потенцијалот за закрепнување кај секој пациент е многу индивидуален. Применуваните методи се хибридни: комбинација од високотехнолошки рехабилитациски уреди, конвенционална терапија и Bobath методологија.
Со истрајност, мотивација и трпение се реализира напредок по секоја процедура.
Најчесто станува збор за долните екстремитети и чувството, дека тие не се дел од Вашето тело. Обидите за движење на прстите на нозете завршуваат неуспешно? Тоа може да е само привремена појава и колку порано превземете мерки, дотолку се пореални шансите да си го вратите осетот.
Кај некои пациенти прекинувањето на ‘рбетниот мозок води до инвалидитет од половината надолу, што значи отсуство на контрола врз физиолошките потреби. Губењето на осет во интимните делови исто така може да е последица од ‘рбетно -мозочна траума
Тешките трауми во мускулно- скелетниот систем и немањето осет во екстремитетите може да доведе до атрофија на мускулна маса. Вежбите за време на рехабилитација ја враќаат силата во екстремитетите.
Во 34-90% од случаите на ‘рбетно- мозочна траума пациентите развиваат Синдром на болка, којшто во 2/3 од овие случаи преминува во хронична форма. Правилното идентифицирање на факторите, коишто придонесуваат за перцепција на болката, е предуслов при одредување на стратегијата, којашто ќе се користи во подоцнежниот третман.
Нормализирањето на мускулниот тонус е една од основните компоненти за прецизирање и усовршување на движењата на телото. Со помош на многукратни повторувања на дадени движења за време на рехабилитацискиот процес се влијае и врз друга компонента – мускулната маса.
Рамнотежата и координацијата се од клучно значење за да може човек самостојно да ги извршува секојдневните активности. Дејност од типот на заземање правилна положба при седење, префрлање од и на кревет, хранење и лична хигиена се само дел од нашите основни задачи.
Враќањето на контролата врз моториката и поконкретно одењето се процеси, коишто зависат од нивото и видот на траумата, како и од компликациите, коишто настапуваат потоа. Како резултат на тоа во телото настануваат повратни и неповратни промени. Наша основна грижа е да го идентифицираме и да го стимулираме потенцијалот за враќање во нормала на привремените пореметувања, како и да помогнеме во изработувањето на стратегија за справување со неповратните промени.
Силата на мускулите е важна за севкупната состојба и влијае врз потенцијалот за закрепнување на организмот.
Една од основните физички особини, на коишто ставаме акцент во нашиот центар, е брзината на реакција. На овој начин помагаме на пациентите да бидат посигурни во себе во вообичаени и вонредни ситуации во секојдневието.