Бобат концепијата е вид физиотерапевтско лечење, чијашто цел е подобрување на движењето и мобилноста кај пациенти со оштетување на централниот нервен систем (главен и ‘рбетен мозок). Многу физиотерапевти ја користат Бобат концепцијата за рехабилитација на пациенти со невролошки заболувања, со цел активирање на сензорните и моторни патишта и овозможување на нормалното движење и контрола на моториката.
Концепцијата Бобат продолжува да се развива, а нејзината примена се проширува кај различните невролошки состојби. Новите истражувања и теории успешно се интегрираат во терапевтскиот модел на оваа методика.
Овој вид терапија може да биде применет само од обучени и сертифицирани физиотерапевти.
Како работи Бобат?
Концепцијата Бобат се заснова на способноста на мозокот да се адаптира кон настанатата промена, да се реорганизира и да закрепне по невролошка повреда.
Се базира на неколку принципи, коишто вклучуваат:
Реедукација на нормалните модели на движење.
Фокус врз квалитетот на изведуваното движење.
Нормализирање на мускулниот тонус со цел олеснување на активното движење.
Стимулирање на правилното позиционирање на телото во просторот.
Не дозволува да се користат компензаторни и погрешно научени движења.
Го стимулира оптималното функционално закрепнување, со кое се подобрува квалитетот на живот.
Зошто концепцијата е толку ефективна?
Работејќи според Бобат концепцијата, физиотерапевтите го стимулираат пациентот да се движи на најнормален и енергетски ефективен начин, со што спречуваат појава на лоши модели на движење, а на овој начин се постигнува:
Во Центарот за роботизирана рехабилитација “Рего” Бобат терапијата се користи заедно со други методи за лекување, за да се обезбеди оптимален резултат за пациентот. Кај секој човек со невролошко заболување* се набљудуваат различни дефицити и физиотерапевтското лечење треба да биде прилагодено на индивидуалните потреби и цели. Тоа им помага на физиотерапевтите максимално да го развијат и стимулираат потенцијалот за закрепнување на своите пациенти.