Рехабилитация

Центарот за роботизирана рехабилитација „ReGo“ е првиот високотехнолошки центар во Бугарија, каде што се комбинираат роботизирани уреди за горен и долен екстремитет со конвенционални методи (електротерапија, магнетотерапија, шоквејв и други), како и специјализирани методи за рехабилитација како Бобат, Војта и PNF.

Се работи според меѓународни стандарди за состојби по мозочен удар, мултипна склероза, детска церебрална парализа, Паркинсонова болест, плекситис, радикулитис, истегнувања и скршеници, болки во долниот дел од грбот и многу други.

 

Роботизирани технологии

Роботизираните уреди го користат принципот на невропластичност, притоа мозокот активира нови невронски врски меѓу одделните зони, за да ги замени оние во засегнатиот дел. Со помош на специјализиран софтвер и сензори можат да се измерат и многу прецизно да се дозираат персоналните процедури во одредена засегната зона, со што на пациентите се дава поголема шанса за:

Рехабилитациските процедури се спроведуваат во форма на игра во виртуелна средина и се добива фидбек за прогресот, со што се стимулира мотивацијата и времетраењето на терапијата. Се грижиме за психо-емоционалната состојба на пациентите, што значително може да се одрази на целосниот ефект од интензивната рехабилитација.

Нашиот тим

Диагностиката и рехабилитациjaта се извршуваат од мултидисциплинарен тим со искуство, неопходни познавања и сертификати за работа со методите и технологиите. Флексибилниот и индивидуален пристап кон секој пациент ги зголемува шансите за добри резултати. Тимот вклучува:

Пакети за рехабилитација

По направен диагностички преглед се изработува индивидуален план за закрепнување и рехабилитација според конкретните потреби и цели на пациентот, коишто може да вклучуваат: 

Етапи на рехабилитација во REGO Rehabilitation

ПРЕГЛЕД И ИЗРАБОТУВАЊЕ НА ИНДИВИДУАЛЕН РЕХАБИЛИТАЦИСКИ ПЛАН

ИЗРАБОТУВАЊЕ НА ИНДИВИДУАЛНА ПОНУДА И ПЛАН ЗА ПРОЦЕДУРИ

Старт на процедури

АНАЛИЗА И СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРЕСОТ

ЗАВРШУВАЊЕ СО ПРОЦЕДУРИ И СЛЕДНИ АКТИВНОСТИ ПО ПОТРЕБА