Home » Технологии » AMADEO
Реактивација на фината моторика со помош на забавен и ефективен метод.
Што претставува?
Интерактивни и помошни терапии коишто се базираат на движења на прстите
Сензорно-базиран рехабилитациски апарат за интерактивни и помошни терапии, во чија основа се движења на прсти и палци. Системите за мерење на сила, опсег на движења, мускулен тонус и спастицитет овозможуваат индивидуалност и прецизност во однос на терапијата на прстите, притоа се работи за еден занимлив и забавен метод.
За кого е наменет?
Пациенти со нарушување на моторната функција на прстите како последица на различни заболувања. Соодветен е за деца и возрасни, за пациенти со нарушен мускулен тонус (пареза, парализа) и нарушување на осетливоста. Електромиографски базираниот модул овозможува терапии дури и без присуство на мускулна сила. Може да биде користен на сите етапи на рехабилитација.




