Роботизиран уред за раздвижување на долните екстремитети
Omego Plus е роботизиран уред за раздвижување на долните екстремитети, започнувајќи од раните етапи на рехабилитација го стадиумот, кога пациентот веќе може да се исправи. Два посебни уреда овозможуваат мобилизација на пациентот, користејќи лесен и ефикасен метод за зацврстување на мускулатурата и подготовка на телото за рехабилитација на подвижна лента. Прецизирањето на позицијата на телото овозможува изолирање на движењето и можност за промена на силата на притисок и брзината на движење на долните екстремитети, што дава оптимални резултати.
За кого е наменет?
Рехабилитација на пациенти, кај кои отсутствува можност за вертикализација, е исклучително напорен процес заради загубената мускулна маса. Брзото исправување крие ризици, а со помош на Omego Plus тоа може да биде избегнато. Технологијата овозможува реализација на долготрајни рехабилитациски процедури во различни позиции на телото, без тоа да води до преголемо оптоварување.
Ефекти по завршување на терапиите
ПОДОБРЕНА СПОСОБНОСТ ЗА ОДЕЊЕ И ЗГОЛЕМЕНА МУСКУЛНА МАСА
ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПОМИНАТИТЕ РАСТОЈАНИЈА
ЗГОЛЕМЕНА БРЗИНА НА ОДЕЊЕ И ИЗДРЖЛИВОСТ
ПОДОБРЕН БАЛАНС НА ТЕЛОТО И МОТИВАЦИЈА
ПОДОБРЕНА ОСЕТЛИВОСТ НА ТЕЛОТО ЗА СВОИТЕ ДВИЖЕЊА И ЗА СВОЈАТА МЕСТОПОЛОЖБА.