Мултипла склероза е хронично воспалително автоимуно заболување на централниот нервен систем (главен и ‘рбетен мозок).
Кај МС имуниот систем ја напаѓа заштитната обвивка (миелин), којашто ги покрива нервните влакна и создава проблеми во комуникацијата меѓу мозокот и останатиот дел од телото. Болеста може да биде причина за влошување на состојбата на нервите, но да доведе и до трајни оштетувања и инвалидитет.
Признаците и симптомите на МС варираат значително и зависат од степенот на оштетување на нервите, како и од тоа кои нерви са засегнати. Луѓе со тешка форма на МС може да ја загубат способноста за самостојно одење или да се соочат со целосна неподвижност, додека кај други може долг временски период да минува без никакви симптоми.

Краток одговор би бил: Нема лек за мултипла склероза. И покрај тоа, медикаментозно лечење во контролирана средина може да помогне за забрзување на закрепнувањето по напади, да го успори текот на заболувањето и да ги управува симптомите.
Влошувањето на симптомите вообичаено вклучува проблеми при секојдневното задоволување на личните потреби и при одењето. Степенот на прогресија на заболувањето варира значително и е најизразен кај луѓето со вторично-прогресирачка форма на МС.

Мускулите постепено ослабуваат, а мускулниот тонус се зголемува и тоа предизвикува спазми. Може да се наблудува истрпнување, „иглички“ и болка.
Како резултат на прогресирачките моторни, координациски и нарушувања во рамнотежата, одот станува нестабилен, а нозете се стегнати и вкочанети.
Дијагнозата може значително да ги ограничи можностите за самостојно справување со дејности како одржување лична хигиена, хранење, преоблекување, капење и други
Засегнати се до 90% од болните, без разлика на возраста и формата на заболувањето. Се опишува како недостаток на сила, тонус и чувство на опаднатост.
Во повеќето случаи овие пациенти се сместени во инвалидска количка – мускулниот тонус е значително зголемен и не дозволува активни движења. Благодарение на координираната работа на нашите терапевти и LokomatPro, шансите на нашите пациенти значително се зголемуваат
Честопати уморот е последица на намалена физичка активност, но тоа може да се промени! Нашиот тим е обучен да изработи терапевтска програма, сообразена со состојбата на пациентите, како и да се соочи со секаков предизвик!
Приближно 80% од болните имаат проблеми со координацијата и рамнотежата, коишто се последица на нарушувања во малиот мозок. Со соодветен терапевтски план тоа може да се промени!
Се набљудуваат потешкотии во извршување на секојдневните активности, коишто се последица пред сѐ на физичките дефицити. Во борбата со ова заболување нашиот специјализиран тим користи индивидуална стратегија и застануваме рамо до рамо до нашите пациенти на патот кон нивно закрепнување!