PABLO
ReGo rehabilitation
ФОКУС ЗОНА - СИТЕ ДЕЛОВИ НА ТЕЛОТО
Комбинација од сензори и комплексни вежби за максимален ефект кај рехабилитација на сите делови на телото.
Што претставува?
Сензорно базиран апарат, којшто обезбедува сеопфатни рехабилитациски вежби
Pablo е сензорно базиран апарат, којшто обезбедува сеопфатни рехабилитациски вежби за сите делови на телото. Апаратот може да се примени за подобрување на силата, балансот на телото и правилното држење на телото.
За кого е наменет?
Наменет е за пациенти со нарушувања на моторните функции, независно од типот на нарушувањето. Овозможува работа со неколку пациенти истовремено, што ја зголемува мотивацијата заради тимската работа и емоционалната подкрепа.
Зошто е ефективен?
Ги идентифицира силата на зафат и опсегот на движење на раката, што овозможува детална информација на терапевтите за прецизирање на терапијата според потребите на пациентот. Терапевтските игри овозможуваат различни оптоварувања и вежби во сите насоки. Се работи за комплексна рехабилитација за усовршување на дејностите од секојдневието како самоуслужување, домаќинска работа, лична хигиена и други.
Ефекти по завршување на терапиите
ПОДОБРЕН ОПСЕГ НА ДВИЖЕЊЕ НА ЕКСТРЕМИТЕТИТЕ И ТОРЗОТО
ПОДОБРЕНА СПОСОБНОСТ ЗА МАНИПУЛИРАЊЕ СО ПРЕДМЕТИ
ПОДОБРУВАЊЕ НА ДВИЖЕЊАТА ВО СИТЕ НАСОКИ
ПОДОБРЕНА КООРДИНАЦИЈА И НЕПРЕКИНАТОСТ НА ДВИЖЕЊАТА
ПОДОБРЕНО РАСПОЛОЖЕНИЕ И МОТИВАЦИЈА ЗА ПРОГРЕС
Бојан
Закрепнувањето и рехабилитацијата на Бојан по преживеана сообраќајна несреќа.
Веселина
Додека беше во својот дом, за 55- годишната учителка одеднаш сѐ се смени.
Крис
Како насмевнатиот Кристијан закрепнува по диагноза Детска Церебрална Парализа (ДЦП)
Сите технологии
Располагаме со уреди за рехабилитација и закрепнување на секоја зона од човечкото тело.
ТехнологииРезервирајте термин за бесплатен преглед.
Контактирајте нѐ со помош на нашата форма за контакт или јавете нѝ се за да резервираме ден и час за бесплатен преглед и функционална оценка.
Контакти