TYMO
ReGo rehabilitation
ФОКУС ЗОНА - КООРДИНАЦИЈА И РАМНОТЕЖА
Вежби за баланс и правилно држење на телото, за добра основа на сите движења.
Што претставува?
Систем од софтвер и сензори
Tymo е систем од софтвер и сензори за повторно активирање на различни функции на телото како седење, исправување и правилно држење на телото. Технологијата овозможува квантитативно и квалитативно мерење на силата и правилно распределување на тежината кон долните екстремитети. Документирањето на прогресот обезбедува континуитет и постепено зголемување на оптоварувањето.
За кого е наменет?
Погоден е за пациенти на различна возраст со нарушувања на рамнотежата како последица на различни заболувања.
Зошто е ефективен?
Различните сензори и графичките слики овозможуваат ефективно мерење на степенот и зоната на оштетување, за да може терапевтот и пациентот да ги прецизираат вежбите за компензирање на дефицитот. Игровиот карактер на вежбите ја зголемува мотивацијата и спречува чувство на здодевност, бидејќи се избегнува монотоноста, што ја зголемува ефективноста за време на целата процедура.
Ефекти по завршување на терапиите
СЕ ПОДОБРУВА РАМНОТЕЖАТА И КООРДИНАЦИЈАТА
СЕ ПОДОБРУВА ИЗДРЖЛИВОСТА И МУСКУЛНАТА СИЛА НА ДОЛНИТЕ ЕКСТРЕМИТЕТИ
СЕ ПОДОБРУВА ПОСТУРАЛНАТА КОНТРОЛА
СЕ ПОДОБРУВА ВНИМАНИЕТО ПРИ РЕАЛИЗАЦИЈА НА ДАДЕНИ ЗАДАЧИ
СЕ ЗГОЛЕМУВА БРЗИНАТА НА МОТОРНА РЕАКЦИЈА
Крис
Како насмевнатиот Кристијан закрепнува по диагноза Детска Церебрална Парализа (ДЦП)
Сите технологии
Располагаме со уреди за рехабилитација и закрепнување на секоја зона од човечкото тело.
ТехнологииРезервирајте термин за бесплатен преглед.
Контактирајте нѐ со помош на нашата форма за контакт или јавете нѝ се за да резервираме ден и час за бесплатен преглед и функционална оценка.
Контакти