Home » Технологии » LOKOMAT PRO
ФОКУС ЗОНА – ДОЛЕН ЕКСТРЕМИТЕТ
Lokomat Pro е високотехнолошки уред, којшто го реедуцира мозокот да ги движи екстремитетите и помага да се надмине спастицитетот со помош на движење.
Со помош на роботизираниот уред се овозможува реализација на ефикасен тренинг, кој најмногу се доближува до природниот модел на одење, со што оптимално се искористува потенцијалот за зајакнување.
Работа врз зони на фокус
Терапијата со Локомат овозможува фокусирање врз рехабилитацијата на определена проблематична зона. Со помош на различни подесувања терапевтот може да го контролира оптималното насочување на напорите за справување со дефицитните зони.
За извлекување на максимумот од рехабилитацијата, пациентите треба да бидат мотивирани да дадат максимум од себе, притоа без да се создаде прекумерно оптоварување на мускулатурата и телото. Со систем од сензори и софтверот Локомат се регистрираат напорите на пациентот и се обезбедува поддршка за движењата, за да се постигне ефикасно вежбање и следење на процедурите.
Најсовремена и занимлива рехабилитациска терапија
Терапијата со Локомат е најмодерната и ефективна рехабилитација за пациенти, позната во светот со својот забавен карактер низ игри.





Поради патентираниот висечки механизам, технологијата може да се користи дури и кај пациенти со целосна загуба на моторните функции на сите етапи на рехабилитација – од проодување до прецизирање на одот. Модулите за деца и возрасни претставуваат поткрепа за пациентите со цел рамномерно оптоварување кај долготрајни процедури. Соодветен е за пациенти во следните состојби:
Со уредот за рехабилитација можат да работат единствено специјалисти, обучени и сертифицирани од производителот.

Lokomat Pro е роботизиран систем за тренинг, којшто вклучува подвижна лента за одење, системи за подкрепа и истегнување и високотехнолошки софтвер. Со правилно одредување на позицијата на човечкото тело, системот овозможува правилно пренесување на тежината кон долните екстремитети, со што мозокот се реедуцира за правилен начин на одење.
