AMADEO
ReGo rehabilitation
ФОКУС ЗОНА - ПРСТИ И ДЛАНКИ
Реактивација на фината моторика со помош на забавен и ефективен метод.
Што претставува?
Интерактивни и помошни терапии коишто се базираат на движења на прстите
Сензорно-базиран рехабилитациски апарат за интерактивни и помошни терапии, во чија основа се движења на прсти и палци. Системите за мерење на сила, опсег на движења, мускулен тонус и спастицитет овозможуваат индивидуалност и прецизност во однос на терапијата на прстите, притоа се работи за еден занимлив и забавен метод.
За кого е наменет?
Пациенти со нарушување на моторната функција на прстите како последица на различни заболувања. Соодветен е за деца и возрасни, за пациенти со нарушен мускулен тонус (пареза, парализа) и нарушување на осетливоста. Електромиографски базираниот модул овозможува терапии дури и без присуство на мускулна сила. Може да биде користен на сите етапи на рехабилитација.
Зошто е ефективен?
Овозможува пасивна, дополнителна и активна терапија со прецизно дозирање на сила, брзина и опсег на движење. Тоа дозволува индивидуализирање на терапијата за подобар резултат, притоа претставува рамка или подкрепа за прстите, зависно од потребата за изведување на правилното движење. Режимот за тренирање на осетливоста ги подготвува прстите за постепено и оптимално оптоварување.
Ефекти по завршување на терапиите
СЕ ЗГОЛЕМУВА ОБЕМОТ НА ДВИЖЕЊАТА НА ПРСТИТЕ
СЕ ПОДОБРУВА СИЛАТА НА ЗАФАТОТ
СЕ НАМАЛУВА СПАСТИЦИТЕТОТ НА ПРСТИТЕ
СЕ ПОДОБРУВА ОСЕТЛИВОСТА
СЕ ПОДОБРУВА ФИНАТА МОТОРИКА
Крис
Како насмевнатиот Кристијан закрепнува по диагноза Детска Церебрална Парализа (ДЦП)
Веселина
Додека беше во својот дом, за 55- годишната учителка одеднаш сѐ се смени.
Сите технологии
Располагаме со уреди за рехабилитација и закрепнување на секоја зона од човечкото тело.
ТехнологииРезервирајте термин за бесплатен преглед.
Контактирајте нѐ со помош на нашата форма за контакт или јавете нѝ се за да резервираме ден и час за бесплатен преглед и функционална оценка.
Контакти