MYRO
ReGo rehabilitation
ФОКУС ЗОНА - КОГНИТИВНИ СПОСОБНОСТИ
Когнитивни вежби за стимулирање на перцепцијата и помнењето.
Што претставува?
Сензорно базиран екран за рехабилитациски вежби
Myro е сензорно базиран екран, којшто може да има различни терапевтски примени. Вклучува рехабилитациски вежби, ориентирани кон задачи, коишто ги стимулираат когнитивните способности на пациентите за подобрување на моторните функции на горните екстремитети.
За кого е наменет?
Соодветен е за сите возрасни групи, независно од етапата на закрепнување. Со помош на индивидуални подесувања и меморирање на комплексноста на задачите, дозволува проследување и квантитативно мерење на прогресот на пациентот. Може да биде применет кај пациенти со делумна загуба на моторни и когнитивни способности како последица на мултипла склероза, детска церебрална парализа и други.
Зошто е ефективен?
Овозможува мерење на силата и определување на насоката на движење на екстремитетите, при што на овој начин се подобрува дејноста на нервно-мускулниот систем. Терапевтот може да ја индивидуализира терапијата со помош на игри, со што ќе се зголеми ефективноста од рехабилитацијата во определена зона на фокус. MYRO е разработен во соработка со лекарски тим за целосна сообразеност со специјализирани методики за рехабилитација.
Ефекти по завршување на терапиите
СЕ ПОДОБРУВА КОНЦЕНТРАЦИЈАТА И ПОМНЕЊЕТО
СЕ ПОДОБРУВААТ ПРЕЦИЗНИТЕ ДВИЖЕЊА НА ДЛАНКАТА И ПРСТИТЕ
СЕ СТИМУЛИРА КОРИСТЕЊЕТО НА ДВЕТЕ РАЦЕ
СЕ ТРЕНИРААТ СИТЕ ВИДОВИ ЗАФАТИ
СЕ ПОДОБРУВА РАСПОЛОЖЕНИЕТО И МОТИВАЦИЈАТА ЗА ПРОГРЕС
Иван
Додека се подготвуваше да излезе од својот дом, 57-годишниот г-н Матев доживува исхемичен мозочен инсулт.
Веселина
Додека беше во својот дом, за 55- годишната учителка одеднаш сѐ се смени.
Сите технологии
Располагаме со уреди за рехабилитација и закрепнување на секоја зона од човечкото тело.
ТехнологииРезервирајте термин за бесплатен преглед.
Контактирајте нѐ со помош на нашата форма за контакт или јавете нѝ се за да резервираме ден и час за бесплатен преглед и функционална оценка.
Контакти