Општи услови

ReGo rehabilitation

Информацијата претставена на сајтот www.rego.rehab за:

Текстoви

Графички елементи

Лого

Слики коишто се однесуваат на страници, новости и настани

Видеа

Презентации

како и нивно составување и начин на подредување се заштитени со Законот за авторско право и сродните права.

Секоја употреба, вклучувајќи но не само публикување на текст или дел од текст, како и графичка слика, функционалност или друг дел од информацијата на друго место без знаење и изрична согласност на Центарот за роботизирана рехабилитација “Рего”; распространување во каква и да е форма, со каква и да е цел, независно од видот на медиумот и/или виртуелната средина, како и секоја форма на комерционално користење е забранета и ќе биде предмет на истрага на надлежните органи во Бугарија, без претходно писмено или какво и да било друго известување. Центарот за роботизирана рехабилитација “Рего” го задржува правото да ги промени овие услови и се ангажира за тоа да ги извести корисниците на www.serdika.com во 7- дневен рок. Условите за користење на овој сајт се публикувани на видно место во сајтот и се достапни за сите корисници, коишто ја користат информацијата и неговите функционалности.

Користењето на содржината на овој сајт ќе се толкува како израз на согласност со наведените услови.

 

I. Дефинирање на термини, користени во наведените Услови за користење:

ЕИК/ПИК: 206549285

Регистрација според ЗДДВ: Не

Назив: Медицински центар "Рего"

Сајт - вебсајт со www.rego.rehab - содржина, којашто вклучува актуелна информација на Центар за роботизирана рехабилитација “Рего”, страници, статии, публикации и други содржини, сопственост на Центар за роботизирана рехабилитација “Рего”.

Услови - услови за користење на услугите на овој сајт.

Корисник - секое лице, коешто ги користи услугите на Сајтот според наведените Услови.

Акт на злоупотреба во смисла на наведените Услови: сите активности или отсуство на активност, коишто ја нарушуваат интернет етиката и/или нанесуваат штета на лица, присутни или не во интернет пространството или со ова пространство сврзани мрежи; користењето, репродукцијата и копирањето на содржина, публикувана на Сајтот со трговска цел и во корист на трети лица; испраќање на пошта без согласност на примачот (SPAM, JUNK MAIL); преполнување на каналите (FLOOD); стекнување на достап до ресурси преку користење на туѓи права и пароли; користење на слабости на системите со цел лична корист или добивање информација (HACK) за трети лица; вршење на дејства, коишто може да бидат дефинирани како индустриска шпионажа или саботажа; дејства, коишто може да доведат до оштетување или распад на системи или информациски масиви (CRACK); испраќање на "тројански коњ" или предизвикување инсталација на вируси или системи за контрола од далечина; попречување на нормалната работа на останатите корисници на Интернет и со ова пространство сврзани мрежи; вршење на какви било дејства, коишто може да се квалифицираат како криминал или административно нарушување во бугарскиот закон.

 

II. Согласност за користење од корисници

Овој текст содржи информација за Условите на користење на Сајтот.

Ако не ги прифаќате Условите на Сајтот, Ве молиме да го напуштите.

Секое користење на Сајтот се смета за израз на согласност со Условите и Корисникот е должен да ги почитува.

 

III. Права и должности на Центар за роботизирана рехабилитација “Рего”

Центарот за роботизирана рехабилитација “Рего” има право, а во определени случаи и должност, на Сајтот да публикува информација во вид на текст, графика и слично во врска со својата дејност и понудените услуги, отстапувајќи ја за добронамерно користење на Корисниците на Сајтот.

Центар за роботизирана рехабилитација “Рего” се обврзува коректно да отстапува информација во врска со својата дејност. Информацијата ќе се публикува на Сајтот.

Центар за роботизирана рехабилитација “Рего” има право на Сајтот да публикува секаков вид информација и содржина, којашто дирекно или индирекно е сврзана со дејноста, којашто ја пласира во вид на вести, статии, публикации во текстов формат и графички елементи.

Центар за роботизирана рехабилитација “Рего” има право да задржи во своја сопственост материјали и информација, користени и публикувани на серверот на Сајтот и да ги отстапува на соодветните државни органи и институции во случај, кога тоа е неопходно за заштита на правата и законските интереси, сопственоста и безбедноста на Центар за роботизирана рехабилитација “Рего”, како и на трети лица, во случај на поднесено барање во врска со нарушување на нивни права при користење и/или распространување на содржина, публикувана на Сајтот.

Со цел гарантирање на доверливоста и безбедноста на содржината, публикувана на Сајтот и услугите, коишто Центар за роботизирана рехабилитација “Рего” ги предлага, Центар за роботизирана рехабилитација “Рего” го задржува правото да побара помош од компетентните органи во случај на груби нарушувања на Условите за користење на Сајтот.

Центар за роботизирана рехабилитација “Рего” има право да публикува содржина и информација, вклучувајќи и под формата на анкети, воспоставување на фидбек со Корисниците на Сајтот со цел подобрување на квалитетот на производите и услугите, коишто Центар за роботизирана рехабилитација “Рего” ги нуди. Учеството во овие дејности за Корисниците на Сајтот е доброволно.

Центар за роботизирана рехабилитација “Рего” има обврска преку формите за контакт со корисници, вклучувајќи но секако не сведувајќи се само на анкети, публикувани на сајтот, да ги информира Корисниците на Сајтот за целите на дејностите, коишто ги презема. Информацијата добиена од Корисниците на Сајтот ќе биде искористена само и единствено од вработените на Центар за роботизирана рехабилитација “Рего”, коишто се обврзани да не ја отстапуваат таа информација на трети лица во каква и да е форма и со каква и да е цел, освен во предвидените во законот случаи. Центар за роботизирана рехабилитација “Рего” се обврзува информациите и содржините, добиени од Корисниците на Сајтот, да ги користи и обработува добронамерно и во согласност со законот.

 

IV. Изземање од одговорност

Центар за роботизирана рехабилитација “Рего” нема обврска ниту објективна можност и не го контролира користењето на секаков вид содржина и/или информација од публикуваните на Сајтот од страна на Корисниците со цел испраќање, предавање, разпространување или отстапување на трети лица на каков и да било начин и со каква и да било цел.

Центар за роботизирана рехабилитација “Рего” не презема одговорност кон Корисниците и трети лица за неискористени можности и нанесени штети, коишто настанале како последица од бришење на податоци, информација или каков и да е вид содржина, публикувана на Сајтот; прекинувањето, променувањето или ограничувањето на услугите и/или ресурсите, публикувани на Сајтот; бришењето, модифицирањето, исчезнувањето на податоци, пренесувани, користени, запишувани или на друг начин достапни за Корисниците на Сајтот.

Центар за роботизирана рехабилитација “Рего” не презема одговорност за штети, предизвикани на софтверот, хардверот или телекомуникациските уреди како последица од користењето на содржина, податоци, ресурси, информација и функционалности, коишто Сајтот ги отстапува на своите Корисници.

 

V. Употреба на содржина

Содржината на Сајтот – информација во текстов, графички, аудио и видео формат, податоци, ресурси, функционалности и секаков вид содржина, публикувана и користена за сигурно функционирање на Сајтот, е сопственост на Центар за роботизирана рехабилитација “Рего”. Содржината не може да биде репродуцирана со каква и да е цел, во каква и да е форма и во каков и да е медиум или виртуелна средина без изрична писмена соласност на Центарот за роботизирана рехабилитација “Рего”.

Секоја содржина, којашто е достапна на Корисниците преку користењето на сајтот, е доброволно публикувана од Центар за роботизирана рехабилитација “Рего” на Сајтот, отстапена е на Корисниците само со информативна и рекламна цел и може да биде употребена единствено и само во врска со информирање на Корисниците.

Центар за роботизирана рехабилитација “Рего” на Сајтот може да публикува линкови кон други сајтови. Тие се отстапени заради удобност и информација на Корисниците на www.rego.rehab и како такви Корисниците имаат право да ги користат на сопствена одговорност. Содржината на овие сајтови не е сврзана со Центар за роботизирана рехабилитација “Рего” и центарот не презема одговорност за одржување на точна, доверлива и целосна содржина на сајтовите. 

VI. Права и обврски на Корисниците

Корисник, којшто ги прифатил Условите на Сајтот, има право да ги користи услугите, ресурсите и информацијата, достапни на Сајтот, освен во случај, кога е утврдено нарушување на овие Услови, како и злонамерна активност од негова страна.

Корисниците на Сајтот имаат право во секое време и по сопствена проценка да престанат со користење на отстапените на Сајтот содржина, информација, ресурси и функционалности. Секој Корисник на Сајтот има право да го сподели своето мислење, препорака и предлог на е-mail адресата, посочена погоре со цел подобрување на квалитетот на содржината, ресурсите, функционалностите и информацијата, коишто Центар за роботизирана рехабилитација “Рего” му ги отстапува на користење преку нивно публикување на Сајтот.

Корисник, којшто ги прифатил Условите на Сајтот, но потоа ги нарушил, е должен веднаш да престане со користење на содржината, ресурсите, функционалностите и информацијата на Сајтот. Секој Корисник на Сајтот се обврзува да не испраќа, распространува или на каков и да било начин да отстапува на трети лица каква и да било информација и содржина, податоци или материјали, публикувани на Сајтот од Центар за роботизирана рехабилитација “Рего” со трговска или друга цел, различна од целите на Сајтот.

Корисникот е должен да компензира на Центар за роботизирана рехабилитација “Рего” и сите трети лица за евентуални претрпени штети и неискористени можности, вклучувајќи но не само за трошоци за адвокат, коишто настанале како резултат на поднесени барања од и/или платени компензации на трети лица во врска со користењето, праќањето, распространувањето, отстапувањето на содржина, ресурс, функционалност, податоци или каква и да е друга информација, публикувана на Сајтот или серверот на Сајтот.

Корисникот на Сајтот е должен да компензира на Центар за роботизирана рехабилитација “Рего” и сите трети лица, во случај кога Корисникот извршил злонамерно дејство, користејќи го Сајтот, а кое дејство нанело штети на Сајтот и Центар за роботизирана рехабилитација “Рего” и/или довело до неискористени можности за Центар за роботизирана рехабилитација “Рего”, негови вработени, Корисници на услуги или на трети лица.

Корисникот на Сајтот има право да ја користи публикуваната информација за контакти со вработените на Центар за роботизирана рехабилитација “Рего” само и единствено за соодветната намена. Корисникот се задолжува да не ја користи оваа информација по никаков друг повод, вклучувајќи но не само за маркетинг, рекламни и промоционални цели.

 

 

VII. Известување за приватност на личните податоци на Корисникот

Политика за заштита на личните податоци.

Центар за роботизирана рехабилитација “Рего” ја користи платформата на WWW.GMAIL.COM за службени електронски пошти, како и за имејл во одделот „Кариери“ на Сајтот. Оваа платформа е поддржана од системот Google, а овде ќе најдете и повеќе информација за Политиката за заштита на личните податоци во неа: https://cloud.google.com/security/gdpr/resource-center

Секој e-mail, испратен до Центар за роботизирана рехабилитација “Рего”, има содржина по проценка на испраќачот (Корисникот) и информација, споделена доброволно од него.

 

VIII. Користење за колачиња (Cookies)

Центар за роботизирана рехабилитација “Рего” нема да врши обработка на лични податоци на Корисниците коишто го посетуваат Сајтот со помош на автоматизирани технологии од типот на "колачиња".

 

Rego - all technologies

Сите технологии

Располагаме со уреди за рехабилитација и закрепнување на секоја зона од човечкото тело.

Технологии

Резервирајте термин за бесплатен преглед.

Контактирајте нѐ со помош на нашата форма за контакт или јавете нѝ се за да резервираме ден и час за бесплатен преглед и функционална оценка.

Контакти

This site uses cookies