Бојан
ReGo rehabilitation
клинички случај
РБЕТНО-МОЗОЧНА ТРАУМА
Ви претставуваме клинички случај на 24-годишен маж (Б.Д.*) со 'рбетно- мозочна траума Th7-8, долна параплегија.
Бојан има 26 години. По преживеана сообраќајка останува неподвижен од половината надолу, има и повеќе трауми и скршеници по целото тело. Според зборовите на неговата мајка, лекарите, коишто му пружиле прва помош, ја предупредиле, дека неговата состојба е критична и не се исклучени фатални последици. Еден месец подоцна се упатуваат во МБДЛР „Сердика“, каде во тоа време (до август 2021) се наоѓа и “ReGo Rehabilitation”. По целенасочени вежби и напори од страна на Бојан, терапевти и машини, осетот на Бојан во долните екстремитети полека се враќа. Како стигнал од хоризонтална положба во носилка до исправена положба и одење – видете во видеото.
Првичен преглед и функционална диагностика
Според податоци од анамнезата, на 26 Август 2020г. е примен во Клиниката за неврохирургија на УМБАЛ „Света Анна“ – Софија поради повеќе трауми на глава, граден кош, 'рбетен столб и карлица по преживеана сообраќајна несреќа. Се набљудува полифрагментна фрактура на телото на Th7 и Th8 пршлени со коскени фрагменти во миелонот, фрактура на трансверзалните израстоци на Th4-Th8, пневмоторакс, полифрагментни фрактури на ребра (IV до VII-мо), фрактура на скапули и десен ацетабулум. Направена е декомпресија на миелонот во торакален оддел, а потоа и транспедикуларна остеосинтеза. По излегување од болница е насочен да го продолжи лекувањето и рехабилитацијата. Страда од персистентна долна параплегија и отсуство на осет.
Б.Д. доаѓа во Центарот за роботизирана рехабилитација “Сердика” во јануари 2021г. За него е одреден рехабилитациски курс, којшто вклучува кинезитерапија според индивидуално изработена програма и процедури со Lokomat Pro во времетраење од 12 седмици.
На првичниот преглед се прави оценка на невролошкиот статус на пациентот. Функционалната проверка на горните екстремитети покажува дека тие се силни (оценка 5 според ММТ) , стабилни и немаат никакви ограничувања во опсегот на движење.
Функционалната проверка на долните екстремитети покажува изразено нарушена сетилност, како површински, така и подлабоко под нивото на траумата. Мускулниот тонус е значително зголемен и пасивните движења се отежнати. Поставена е оценка 3 за спастицитетот на нозете според МAS (Modified Ashworth Scale). Се набљудуваат клонуси, поизразени лево. Се преместува на леглото со помош. Самостојно користи рачна инвалидска количка.
Терапевтски план
Изработен е рехабилитациски план со по три терапии седмично со Lokomat Pro, како и секојдневна конвенционална рехабилитација.
Цели на конвенционалната рехабилитација:
Намалување на спастицитетот на мускулниот тонус
Подобрување на сетилноста
Подобрување на трофиката на мускулите на долните екстремитети
Подобрување на постуралната контрола
Подобрување на стабилноста во седечка положба
Цел на Lokomat Pro
Снижување на патолошки повишениот мускулен тонус
Зголемување на силата и издржливоста на нозете
Зголемување на опсегот на движење на зглобовите на долните екстремитети
Подобрување на кооординацијата на долни екстремитети
Зголемување на кардио-респираторната издржливост
Реедукација на правилен физиолошки модел на одење
Постигнати резултати:
На крај на терапевтскиот курс испитувањата покажуваат постојано и прогресивно подобрување:
Според податоци на Lokomat Pro:
Зголемување на поминатото растојание од 900 на 1300 метра
Зголемување на брзината на одење 1.4 км/ч до 1.9 км/ч
Зголемување на времетраењето на процедурата од 45 на 60 минути
Намалување на тежинската компензација (Body weight support) со Lokomat Pro за 20%
Намалување на силовата компензација (Guidance Force) со Lokomat Pro просечно за 16%
Намалување на патолошки повишениот мускулен тонус
Според податоци на конвенционална терапија
Подобрување на издржливоста за време на терапија
Подобрување на психо-емоционалниот тонус
Површинско и длабинско подобрување на сетилноста до нивото на m.quadriceps femoris
Способност за самостојно и стабилно седење
Способност за активни движења на зглобовите на колковите
Подобрена контрола на карлицата
Способност за самостојно преместување на леглото
Способност за преместување од и на подот со помош
Потпирајќи се на рацете, може да се задржи во исправена положба
Крис
Како насмевнатиот Кристијан закрепнува по диагноза Детска Церебрална Парализа (ДЦП)
Бојан
Закрепнувањето и рехабилитацијата на Бојан по преживеана сообраќајна несреќа.
Сите технологии
Располагаме со уреди за рехабилитација и закрепнување на секоја зона од човечкото тело.
ТехнологииРезервирајте термин за бесплатен преглед.
Контактирајте нѐ со помош на нашата форма за контакт или јавете нѝ се за да резервираме ден и час за бесплатен преглед и функционална оценка.
Контакти