Иван
ReGo rehabilitation
клинички случај
ИНСУЛТ
Ви претставуваме клинички случај на 57-годишен маж (И.М*) со дијагноза мозочен инфаркт, предизвикан од неизјаснета оклузија или стеноза на церебрални артерии; деснострана хемипареза и делумна моторна афазија.
Г-н Матев е 57- годишен маж од прекрасниот град Пловдив. По професија е морнар. Додека се подготвува да излезе од својот дом, ненадејно доживува исхемичен мозочен инсулт. Направена е успешна тромболиза. По направен детален преглед, тимот изработува индивидуална рехабилитациска програма, а терапевтскиот курс трае три месеца. Вклучени се двојни неврофизиолошки методики, како и роботизирана рехабилитација четири пати седмично со уредите Диего и Амадео. Г-н Матев споделува, дека вежбите му помогнале да оди без бастун. Подобрувањето на движењата на рамо, лакт и дланка се реализира со помош на терапии според Бобат и PNF. “Разбирам, дека без рехабилитацијата немаше да се справам толку добро”- споделува г-н Матев. Само две седмици по започнување на терапевтскиот курс, рехабилитацискиот потенцијал е висок, а какви се резултатите можете да видите во видеото.
Првичен преглед и функционална диагностика
Според податоци од анамнезата, во средината на март 2021г., во обид да стане од пред компјутерот, добива вртоглавица и чувствува слабост во десните екстремитети. Веднаш е хоспитализиран во универзитетската болница во Пловдив и е направена тромболиза. Како резултат од одредената медикаментозна терапија, хипертоничната криза е надмината и состојбата му се стабилизира.
На 31 март 2021 И.М. пристигнува во Центарот за роботизирана рехабилитација “Сердика”. Индивидуално изработениот рехабилитациски курс вклучува кинезитерапија, прилагодена на личните потреби, како и процедури со уредите на Tyromotion.
На првичниот преглед се извршува оценка на невролошкиот статус на пациентот. Функционалната оценка на горните екстремитети покажува сериозно изразена слабост на десната рака – целосен пасивен опсег на движење и многу ограничен активен опсег на движење на раката (се набљудува само флексија (до 50˚) и абдукција (до 30˚) на рамениот зглоб, реализирани според компензаторен модел). Се утврдува и Синдром на болка – 1-3 според ВАС (Визуелно-аналогна скала на болката). Тестовите на Fugl-Meyer и Brunnstrom покажуваат соодветно 19 точки и 3 стадиуми.
Функционалната оценка на долните екстремитети покажува, дека десната нога е минимално засегната од инсултот. Се набљудува целосен активен опсег на движење и минимална мускулна слабост во quadriceps femoris и triceps surae – стадиум 4 според Brunnstrom. Пациентот оди самостојно и бавно, притоа се закрепува за ѕидот и оградата. Резултатот од локомоторниот тест покажува оценка 2.
Терапевтски план
Изработен е рехабилитациски план, којшто вклучува четири терапии седмично со уредите на Tyromotion – Amadeo и Diego, како и секојдневна конвенционална рехабилитација.
Цели на рехабилитацијата со Tyromotion:
Подобрување на контролата врз моториката на засегнатите екстремитети
Подобрување на координацијата
Подобрување на мускулната сила
Подобрување на фината моторика и сите видови зафати
Стимулирање на користењето на горните екстремитети во секојдневните активности
Цели на конвенционалната рехабилитација:
Намалување на спастично повишениот мускулен тонус
Намалување на Синдромот на болка;
Зголемување на опсегот на движење на засегнатиот горен екстремитет
Подобрување на издржливоста на засегнатиот долен екстремитет
Подобрување на рамнотежата
Постигнати резултати:
На крај на терапевтскиот курс испитувањата покажуваат постојано и прогресивно подобрување:
Според податоци на Amadeo
Зголемување на силата на флексорите (зелено) и на екстензорите (сино) на десната рака
Зголемување на опсегот на движење на прстите на десната рака
Намалување на спастицитетот на прстите на десната рака
Постигнати резултати:
На крај на терапевтскиот курс испитувањата покажуваат постојано и прогресивно подобрување:
Според податоци на Diego:
Зголемување на опсегот на движење на десниот раменен зглоб при абдукција (одведување) и аддукција (приведување), споредено со десниот зглоб
Зголемување на опсегот на движење на десниот раменен зглоб (зелено) при флексија (свиткување) и екстензија (испружување), споредено со левиот зглоб
Зголемување на опсегот на движење на десниот раменен зглоб при хоризонтална флексија и хоризонтална екстензија
Зголемување на опсегот на движење на десниот раменен зглоб при ротација
Според податоци на конвенционалната терапија
Подобрување на концентрацијата и издржливоста за време на терапија
Подобрување на психо-емоционалниот тонус
Ликвидирање на Синдромот на болка
Подобрена контрола на активните движења во засегнатите екстремитети
Тестовите на Fugl-Meyer и Brunnstrom покажаа соодветно 49 точки и 5 стадиум
Подобрување на координацијата на засегнатиот горен екстремитет од гледна точка на брзина, опсег на движење и неопходен напор за извршување на движењето
Подобрување на грубата моторика на раката и појава на фина моторика
Подобрување на статичниот и динамичен баланс
Зголемена самостојност при извршување на секојдневните дејности
Подобрување на одот
Крис
Како насмевнатиот Кристијан закрепнува по диагноза Детска Церебрална Парализа (ДЦП)
Веселина
Додека беше во својот дом, за 55- годишната учителка одеднаш сѐ се смени.
Бојан
Закрепнувањето и рехабилитацијата на Бојан по преживеана сообраќајна несреќа.
Сите технологии
Располагаме со уреди за рехабилитација и закрепнување на секоја зона од човечкото тело.
ТехнологииРезервирајте термин за бесплатен преглед.
Контактирајте нѐ со помош на нашата форма за контакт или јавете нѝ се за да резервираме ден и час за бесплатен преглед и функционална оценка.
Контакти