Rego - Черепно-мозъчни травми

Черепно-мозочни трауми

Причините за черепно-мозочна траума можат да бидат екстремно различни кај одделните пациенти - повреда како последица на удар во областа на главата, пад, повреда за време на работниот процес, сообраќајна незгода и т.н. Независно од причината и од степенот на повредата, секој има шанса за подобрување и закрепнување!

Што претставуваат черепно-мозочните трауми?

 

Општо кажано черепно-мозочните трауми претставуваат повреди на черепните коски, меките ткива на главата, мозочните обвивки и главниот мозок, коишто се резултат од дејството на надворешен фактор. Тие се често констатирани диагнози, коишто во многу случаи водат до инвалидност и смртност. 

Последиците можат да ги засегнат моторните функции и да се одразат врз севкупната сетилна перцепција.  

 

 

Како се лекува? 

 

Черепно-мозочната траума е животозагрозувачка состојба и е неопходно специјализирано набљудување и лекување во контролирана медицинска установа. Повредата е индивидуална кај секој пациент и лечењето зависи од насоките, коишто ќе бидат определени со помош на прегледот за функционална оценка на телото. 

Најчести нарушувања

Нарушувања на моториката и ограничување на движењата

Черепно-мозочната траума може да причини слабост или слаба чувствителност во екстремитетите. Заедно можеме до значителна мера да ги вратиме загубените движења и осет.

Промени во мускулен тонус и сетилни нарушувања

Во зависност од видот на траумата може да се набљудува зголемен/ намален мускулен тонус на мускулатурата во засегнатите екстремитети. Се набљудуваат симптоми како трпнење, „иглички“ , делумна парализа и намалена сетилност.

Генерални симптоми

Главоболка, вртоглавица, гадење или повраќање, емоционални нарушувања, делумна или целосна загуба на помнењето се типични признаци на оваа состојба. Исто така е можна промена или загуба на речевата функција.

Отежнати секојдневни активности

Честопати овие пациенти имаат потешкотии во секојдневието. Тоа вклучува справување со личната хигиена, работа во домаќинството и приготвувањето на храна.

Кон кои промени се насочени нашите активности?

Способноста за перцепција

Интензивната рехабилитација во комбинација со уредите на Tyromotion придонесуваат  за полесно приспособување на пациентот кон средината, за зголемување на когнитивниот потенцијал и подобрување на психо-емоционалната состојба.

Когнитивни способности

Когнитивните способности се сврзани со начинот на којшто човек го разбира светот и функционира во него. Тие претставуваат умствени способности и/или процеси и се дел од речиси секоја човешка активност во будна состојба. Со помош на терапија со конвенционални и роботизирани методи влијаеме врз когнитивните способности.

Брзина на реакција

Една од основните физички особини, на коишто ставаме акцент во нашиот центар, е брзината на реакција. На овој начин помагаме на пациентите да бидат посигурни во себе во вообичаени и вонредни ситуации во секојдневието.

Груба моторика

На прв поглед елементарни движења за пациенти со потешка мозочна траума можат да бидат голем предизвик. Познатата команда “леви-десни, леви-десни” за овие пациенти може да звучи стресирачки, но исто така може да биде и почеток на патот кон закрепнување.

Rego - all technologies

Сите технологии

Располагаме со уреди за рехабилитација и закрепнување на секоја зона од човечкото тело.

Технологии

Резервирајте термин за бесплатен преглед.

Контактирајте нѐ со помош на нашата форма за контакт или јавете нѝ се за да резервираме ден и час за бесплатен преглед и функционална оценка.

Контакти

Крис

Како насмевнатиот Кристијан закрепнува по диагноза Детска Церебрална Парализа (ДЦП)

Rego - diagnoses
Rego - video player start Видео за пациентот

Мултипла склероза

Мултипла склероза е здравствен предизвик, а ние знаеме како да влијаеме и да ја ставиме под контрола оваа состојба.

This site uses cookies