Rego - Други диагнози

Рбетно-мозочни трауми

Независно од причината за вашата траума, можеме да помогнеме на секој пациент одново да ја превземе контролата над својот живот. 

Што претставуваат 'рбетно-мозочните трауми? 

 

'Рбетно-мозочната траума претставува минливо или постојано оштетување на структурата и функцијата на 'рбетниот мозок како резултат на повреда на 'рбетниот столб. Траумите на 'рбетниот мозок водат до тежок и траен невролошки недостиг, којшто резултира со инвалидитет. 

 

  

Како се лекува? 

 

Основните цели на лекувањето кај пациенти со 'рбетно- мозочна траума се фокусираат пред сѐ на превенција на тежок инвалидитет, одржување на функциите кај пациенти со трајни оштетувања, како и повторно воспоставување на функцијата на 'рбетниот мозок и враќање на пациентите кон нормалното секојдневие. 

Клиничките случаи се различни еден од друг, затоа потенцијалот за закрепнување кај секој пациент е многу индивидуален. Применуваните методи се хибридни: комбинација од високотехнолошки рехабилитациски уреди, конвенционална терапија и Bobath методологија. 

Со истрајност, мотивација и трпение се реализира напредок по секоја процедура.

Rego - all technologies

Сите технологии

Располагаме со уреди за рехабилитација и закрепнување на секоја зона од човечкото тело.

Технологии

Резервирајте термин за бесплатен преглед.

Контактирајте нѐ со помош на нашата форма за контакт или јавете нѝ се за да резервираме ден и час за бесплатен преглед и функционална оценка.

Контакти

Иван


Додека се подготвуваше да излезе од својот дом,  57-годишниот г-н Матев доживува исхемичен мозочен инсулт.

Rego - diagnoses
Rego - video player start Видео за пациентот

Детска церебрална парализа (ДЦП)

Детската церебрална парализа води до различни оштетувања во телото кај секој пациент. Секојдневните рехабилитациски вежби се од исклучително значење!

This site uses cookies