Rego - Гръбначно-мозъчни травми

Рбетно-мозочни трауми

Независно од причината за вашата траума, можеме да помогнеме на секој пациент одново да ја превземе контролата над својот живот. 

Што претставуваат 'рбетно-мозочните трауми? 

 

'Рбетно-мозочната траума претставува минливо или постојано оштетување на структурата и функцијата на 'рбетниот мозок како резултат на повреда на 'рбетниот столб. Траумите на 'рбетниот мозок водат до тежок и траен невролошки недостиг, којшто резултира со инвалидитет. 

 

  

Како се лекува? 

 

Основните цели на лекувањето кај пациенти со 'рбетно- мозочна траума се фокусираат пред сѐ на превенција на тежок инвалидитет, одржување на функциите кај пациенти со трајни оштетувања, како и повторно воспоставување на функцијата на 'рбетниот мозок и враќање на пациентите кон нормалното секојдневие. 

Клиничките случаи се различни еден од друг, затоа потенцијалот за закрепнување кај секој пациент е многу индивидуален. Применуваните методи се хибридни: комбинација од високотехнолошки рехабилитациски уреди, конвенционална терапија и Bobath методологија. 

Со истрајност, мотивација и трпение се реализира напредок по секоја процедура.

Најчести нарушувања!

Загуба на осет во екстремитетите

Најчесто станува збор за долните екстремитети и чувството, дека тие не се дел од Вашето тело. Обидите за движење на прстите на нозете завршуваат неуспешно? Тоа може да е само привремена појава и колку порано превземете мерки, дотолку се пореални шансите да си го вратите осетот.

Ограничена самостојност

Кај некои пациенти прекинувањето на 'рбетниот мозок води до инвалидитет од половината надолу, што значи отсуство на контрола врз физиолошките потреби. Губењето на осет во интимните делови исто така може да е последица од 'рбетно -мозочна траума.

Млитава мускулатура

Тешките трауми во мускулно- скелетниот систем и немањето осет во екстремитетите може да доведе до атрофија на мускулна маса. Вежбите за време на рехабилитација ја враќаат силата во екстремитетите.

Болка

Во 34-90% од случаите на 'рбетно- мозочна траума пациентите развиваат Синдром на болка, којшто во 2/3 од овие случаи преминува во хронична форма. Правилното идентифицирање на факторите, коишто придонесуваат за перцепција на болката, е предуслов при одредување на стратегијата, којашто ќе се користи во подоцнежниот третман.

Кон кои промени се насочени нашите активности?

Мускулен тонус и мускулна маса

Нормализирањето на мускулниот тонус е една од основните компоненти за прецизирање и усовршување на движењата на телото. Со помош на многукратни повторувања на дадени движења за време на рехабилитацискиот процес се влијае и врз друга компонента - мускулната маса.

Силата на телото

Силата на мускулите е важна за севкупната состојба и влијае врз потенцијалот за закрепнување на организмот.

Рамнотежа и координација

Рамнотежата и координацијата се од клучно значење за да може човек самостојно да ги извршува секојдневните активности. Дејност од типот на заземање правилна положба при седење, префрлање од и на кревет, хранење и лична хигиена се само дел од нашите основни задачи.

Брзина на реакциите

Една од основните физички особини, на коишто ставаме акцент во нашиот центар, е брзината на реакција. На овој начин помагаме на пациентите да бидат посигурни во себе во вообичаени и вонредни ситуации во секојдневието.

Контрола врз моториката и одење

Враќањето на контролата врз моториката и поконкретно одењето се процеси, коишто зависат од нивото и видот на траумата, како и од компликациите, коишто настапуваат потоа. Како резултат на тоа во телото настануваат повратни и неповратни промени. Наша основна грижа е да го идентифицираме и да го стимулираме потенцијалот за враќање во нормала на привремените пореметувања, како и да помогнеме во изработувањето на стратегија за справување со неповратните промени.

 

Rego - all technologies

Сите технологии

Располагаме со уреди за рехабилитација и закрепнување на секоја зона од човечкото тело.

Технологии

Резервирајте термин за бесплатен преглед.

Контактирајте нѐ со помош на нашата форма за контакт или јавете нѝ се за да резервираме ден и час за бесплатен преглед и функционална оценка.

Контакти

Бојан

Закрепнувањето и рехабилитацијата на Бојан по преживеана сообраќајна несреќа.

Rego - diagnoses
Rego - video player start Видео за пациентот

Мултипла склероза

Мултипла склероза е здравствен предизвик, а ние знаеме како да влијаеме и да ја ставиме под контрола оваа состојба.

This site uses cookies