Rego - Детска церебрална парализа (ДЦП)

Детска церебрална парализа (ДЦП)

Штом ја разгледувате оваа страница, значи веќе знаете што е ДЦП. Знаете и дека последиците од детската церебрална парализа се индивидуални за секој организам. Тука ќе разберете каков е нашиот пристап кон ДЦП и зошто е успешен кај секој пациент.

Што претставува Детската церебрална парализа?

 

Накратко ќе објасниме некои основни поими и карактеристики на оваа состојба, којашто засега околу 17 милиони души во светот. 
 
ДЦП претставува група од непрогресирачки нарушувања на моториката како резултат на мозочни аномалии или повреди, коишто настапиле пред, за време или по породувањето. Парези, спастицитет, неконтролирани движења, промени во мускулниот тонус, координациски нарушувања, моторни и сетилни недостатоци се само дел од клиничката слика на ДЦП.

Во многу случаи точната причина за појава на заболувањето останува нејасна. Проучувањата посочуваат, дека најголем риск за појава на ДЦП е прележана вирусна инфекција за време на бременоста, користење на силни медикаменти и други психоактивни субстанции во овој период. Други ризик фактори се повеќеплодна бременост, недоносени бебиња, деца со мозочно крварење, како и продолжено породување.
 
Кај некои пациенти со оваа диагноза интелектот е целосно сочуван, додека кај други тоа не е така. И во двата случаи може да се применат рехабилитациски процедури за ублажување на состојбата и подобрување на севкупното здравје на пациентот.

 

Како се лекува?

 

Врз состојбата може да се влијае со помош на повеќекратни и комплексни рехабилитациски процедури, со помош на медикаментозна програма (кај некои пациенти), хируршки интервенции (кај некои пациенти).

 

Кои са најчестите нарушувања?

Ограничување на движењата

Контролата на движењата е нарушена, мускулатурата е напрегната или млитава, што значително ги ограничува активните движења.

Нарушена координација

Целенасочените движења на екстремитетите се значително нарушени поради слаба контрола врз моториката, која засега различни мускулни групи кај различните форми на ДЦП. Возможна е и појава на тремор (треперење) кај некои пациенти.

Отежнато одење

Се набљудуваат деформации на коските и зглобовите, коишто заедно со нарушениот мускулен тонус допринесуваат за задоцнето или дури невозможно проодување на децата.

Нарушена контрола на главата

Се набљудува неможност за исправување или долго држење на главата во одредена позиција, нарушено излачување на плунка, отежнато цицање и голтање.

Кон кои промени се насочени нашите активности?

Подобрување на одот

Одењето кај пациентите со ДЦП  честопати е несамостојно – тие треба да се потпираат на човек и/или помошно средство, но неретко кај лесните форми може да биде и самостојно. Наша основна задача е да ги обучиме пациентите, доколку тоа е возможно, да применуваат правилен физиолошки од или да подготвиме стратегија, којашто ќе биде прилагодена на нивните индивидуални потреби.

Подобрување на мускулната сила и координација

Поради промени на мускулниот тонус, целенасочените движења на екстремитетите се отежнати или дури невозможни. Без разлика на тоа колку е тешка ситуацијата, нашите терапевти се обучени да ја стимулираат максималната реализација на потенцијалот на пациентите!

Способноста за перцепција

Интензивната рехабилитација во комбинација со уредите на Tyromotion придонесуваат  за полесно приспособување на пациентот кон средината, за зголемување на когнитивниот потенцијал и подобрување на психо-емоционалната состојба.

Брзина на реакција

Една од основните физички особини, на коишто ставаме акцент во нашиот центар е брзината на реакција. На овој начин помагаме на пациентите да бидат посигурни во себе во вообичаени и вонредни ситуации во секојдневието.

Когнитивни способности

Когнитивните способности се сврзани со начинот на којшто човек го разбира светот и функционира во него. Тие претставуваат умствени способности и/или процеси и се дел од речиси секоја човешка активност во будна состојба. Со помош на терапија со конвенционални и роботизирани методи влијаеме врз когнитивните способности.

Rego - all technologies

Сите технологии

Располагаме со уреди за рехабилитација и закрепнување на секоја зона од човечкото тело.

Технологии

Резервирајте термин за бесплатен преглед.

Контактирајте нѐ со помош на нашата форма за контакт или јавете нѝ се за да резервираме ден и час за бесплатен преглед и функционална оценка.

Контакти
Rego - diagnoses
Rego - video player start Видео за пациентот

"Рбетно-мозочни трауми

Ако сте преживеале сообраќајка или имате повреди како последица од друга незгода, рехабилитацијата е единствениот начин да ја подобрите Вашата состојба.

This site uses cookies