Веселина
ReGo rehabilitation
клинички случај
ХЕМОРАГИЧЕН МОЗОЧЕН ИНСУЛТ
Ви претставуваме клинички случај на 55-годишна жена (В.Ј.*) со дијагноза интрацеребрално крварење – хеморагичен инсулт во ДГМХ со левострана хемипареза.
Веселина е 55- годишна учителка од Разград. Се наоѓа во својот дом, кога ненадејно доживува хеморагичен мозочен инсулт. Нејзини блиски ја насочуваат во МБДЛР „Сердика“, кадешто до август 2021 е сместена и “ReGo Rehabilitation”. „Веселина доаѓа кај нас речиси прикована за инвалидска количка и без можност да се грижи сама за себе во секојдневието“- споделува д-р Григор Трушков. По детален преглед тимот изработува индивидуална рехабилитациска програма, којашто вклучува како конвенционална, така и роботизирана терапија. Неколку месеци подоцна Веселина оди уверено, се искачува и слегува по скали самостојно, може да се самоуслужува. Дополнителните консултации со невролог и кардиолог придонесуваат за попрецизно дозирање на оптоварувањето за време на рехабилитацијата. Ставот на Веселина за роботизираната терапија, како таа се чувствува и што уште сака да сподели од своето искуство – погледнете во видеото.
Првичен преглед и функционална дијагностика
Според податоци од анамнезата, на 18 Јуни 2020г., за време на работа врз проект во својот дом, В.Ј. почувствувала силна главоболка и потоа умор и слабост во левите екстремитети. Примена е во болницата во Разград – МБАЛ „Св. Иван Рилски“, а потоа е пренасочена во УМБАЛ Канев – Русе. Како резултат од определеното медикаментозно лечење, хипертоничната криза е совладана и состојбата ѝ е стабилизирана.
В.Ј. пристигнува во Центар за роботизирана рехабилитација “Сердика” во октомври 2020г. Одреден е рехабилитациски курс, којшто вклучува кинезитерапија според индивидуално изработена програма, процедури со Tyromotion и Lokomat Pro, со севкупно времетраење од 12 седмици.
На првичниот преглед на пациентот се извршува оценка на невролошкиот статус. Функционалната проверка на горните екстремитети покажува сериозно изразена слабост на левата рака – целосен пасивен опсег на движење, а поради силна болка многу ограничен активен опсег на движење на раката. Синдромот на болка е оценет според ВАС (Визуелно-аналогна скала на болката) со вредност 4-6. Оценката на способностите за извршување на секојдневните активности е направенa според индексот на Barthel и покажува 40 точки. Според скалата на Brunnstrom е со оценка 3 за закрепнување на моторните функции.
Функционалната проверка на долните екстремитети покажува дека левата нога исто така е сериозно засегната од мозочниот удар. Се набљудува целосен пасивен опсег на движење, но активните движења се делумни и се реализираат со многу напори поради патолошки повишениот мускулен тонус (оценка 3 според МAS (Modified Ashworth Scale)). Локомоцијата е сериозно отежната– пациентот е во инвалидска количка. Единствено со помош може да се премести на леглото.
Терапевтски план
Изработен е рехабилитациски план со секојдневна конвенционална рехабилитација и по три терапии седмично со уредите на Tyromotion и Lokomat Pro.
Цели на рехабилитацијата со Tyromotion:
Намалување на спастично повишениот мускулен тонус
Намалување на Синдромот на болка
Обука во насока активности од секојдневието (ДЕЖ)
Обука за одење со помошно средство
Цели на конвенционалната рехабилитација:
Подобрување на контролата врз моториката на засегнатите екстремитети
Подобрување на координацијата
Подобрување на мускулната сила
Подобрување на фината моторика и сите видови зафати
Стимулирање на користењето на горните екстремитети во секојдневните активности
Цел на Lokomat Pro
Реедукација за правилен физиолошки модел на одење
Зголемување на силата и издржливоста на нозете
Подобрување на координацијата на долните екстремитети
Постигнати резултати:
На крај на терапевтскиот курс испитувањата покажуваат постојано и прогресивно подобрување:
Според податоци на Lokomat Pro:
Зголемување на поминатото растојание од 600 метра на 1200 метра (подобрување од 81% наспроти првата процедура)
Зголемување на брзината на одење 1.2 км/ч до 2 км/ч
Зголемување на времетраењето на процедурата од 25 на 40 минути
Намалување на тежинската компензација (Body weight support) со Lokomat Pro за 50%
Намалување на силовата компензација (Guidance Force) со Lokomat Pro просечно за 40%
Намалување на патолошки повишениот мускулен тонус
Постигнати резултати:
ПРОВЕРКА НА ОДОТ СО PABLO – на пациентот се предлага да изоди одредено растојание; со помош на специјални сензори, поставени на стапалата, се мерат параметрите, коишто го определуваат циклусот на одење:
Мерења на почетокот на курсот VS на крајот на терапевтскиот курс
Пациентот мина одредена дистанца со 1 помошно средство (бастун)
Пациентът мина одредена дистанца без помошно средство, со мала помош (вербална) од страна на терапевтот
Брзина на одење – 0.36 ± 0.18 km/h
Брзина на одење – 0.43 ± 0.20 км/ч
Каданс (број чекори за 1 минута) – 59
Каданс (број чекори за 1 минута) – 62
Должина на чекорот – 20 ± 11.4 см
Должина на чекорот – 23.6 ± 13 см
Заклучок: одот е многу отежнат, нестабилен и бавен
Заклучок: одот е посигурен, стабилен и брз
Резултати од работата со Amadeo и Diego
Зголемување на силата на свиткување и испружување на левата рака
Зголемен опсег на движење на прстите на левата рака
Намалување на спастицитетот на прстите на левата рака
Зголемување на опсегот на движење на левиот раменен зглоб при вршење на абдукција (одведување) и аддукција (приведување)
Зголемување на опсегот на движење на левиот раменен зглоб при вршење на екстензија (испружување) и флексија (свиткување)
Според податоци на конвенционалната терапија
Подобрување на издржливоста за време на терапија
Подобрување на психо-емоционалниот тонус
Намалување на патолошки повишениот мускулен тонус - оценка 1+ според МAS (Modified Ashworth Scale)
Подобрена контрола на активните движења на засегнатите екстремитети
Подобрување на грубата моторика на раката
Подобрување на статичниот и динамичен баланс
Зголемување на самостојноста во дејностите од секојдневието
Подобрување на стабилноста за време на одење со и без помошно средство
Поставена е оценка 4 за закрепнување на моторните функции според скалата на Brunnstrom и 55 точки според индексот на Barthel
Веселина
Додека беше во својот дом, за 55- годишната учителка одеднаш сѐ се смени.
Иван
Додека се подготвуваше да излезе од својот дом, 57-годишниот г-н Матев доживува исхемичен мозочен инсулт.
Сите технологии
Располагаме со уреди за рехабилитација и закрепнување на секоја зона од човечкото тело.
ТехнологииРезервирајте термин за бесплатен преглед.
Контактирајте нѐ со помош на нашата форма за контакт или јавете нѝ се за да резервираме ден и час за бесплатен преглед и функционална оценка.
Контакти